Обвинителството врши увид

Работник почина откако го затрупа одрон на земја

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа, изврши увид во селото Бела Црква – општина Кривогаштани, каде утрово, при поставување на канализациона мрежа во ископ, еден работник го загуби животот, информираат од Јавно обвинителство.

Работникот, на возраст од 63 години, бил ангажиран за вршење на работи од правно лице од с.Велешта-Струга.Тој бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место, соопштија од обвинителство.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција на телото на починатиот.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе