Работници повредени по пад од висина

Двајца работници се здобиле со повреди по пад од висина. Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 12 часот.

„Во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина“, информираат од МВР.

Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе