Работејќи во двор, паднал од скала и починал

Во Полициската станица Ресен, С.С. од Скопје вчера пријавил дека неговиот татко П.А.(78) од Скопје, додека работел во дворот во викендичката во Претор, паднал од скала и се повредил. Тој бил пренесен во ЈЗУ Ресен, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и од извршениот разговор со сопругата на починатиот било утврдено дека П.А., додека извршувал активности во дворот од викенд куќата во туристичката населба Претор, каде што престојувале заедно, паднал по скалите во дворот и се повредил.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе