Пушки, пиштоли и муниција најдени во куќа на битолчанец

По наредба од судија на предходна постапка од Основен суд Битола, денеска полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола извршиле претрес во домот на битолчанецот Д. Г. (34), поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи" од Кривичниот Закон.

Како што соопшти МВР, при претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, 72 парчиња ловна муниција, еден куршум калибар 7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе