При претрес во куќа негова сопственост, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка и вкупно 73 куршуми за автоматска и ловна пушка од различни марки и калибар, што нелегално ги поседувал.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.