При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер" кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65x39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција.
Според фотографиите кои ги објави МВР пушката е најдена во фрижидер, а куршумите биле спакувани во пластична кутија од сладолед.
Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.