Во Скопје

Пукано врз автомобил, две лица повредени

Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со исеченици по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во автомобилот во кој се наоѓале.

„Според првичните информации денеска околу 16.40 пријавено е дека на паркингот на ОУ 'Живко Брајковски' на улица „Хо Ши Мин", каде претходно било паркирано патничко возило 'рено' со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото.

Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди - исеченици по лицето“, наведуваат од МВР.

Како што дополнуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе