Пукање во Скопје, две лица завршија во болница

Две лица од Скопје завршија во болница откако биле повредени од огнено оружје. Според МВР се работи за И.А.(29) и С.Р.(35) на кои им биле констатирани повреди, а во настанот оштетено е и возило ауди.

Пукањето било пријавено 20 минути по полноќ. Лицата кои пријавиле на полициските службеници во СВР Скопје им кажале дека слушнале истрели од огнено оружје на ул.„Ферид Бајрам".

Полицајците излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило ауди сопственост на Е.С.(33) од Скопје.

Повредените биле пренесени во болницата Систина за укажување медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе