Пукање ноќеска во скопско, со „сеат“ удриле полициско возило

Ноќеска во 01:10 часот во атар на село Бањани, скопскo полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото, информираат од МВР.

„Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола туку истото продолжило со движење.

Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе