Во Градец, гостиварско

Пукал за да прослави изборен резултат

Жител на селото Градец-гостиварско бил повикан на разговор во полициска станица откако бил пријавен дека пукал од пиштол пред штаб на политичка партија во селото Неготино-Полошко. Полицијата најде чаури и го одзеде пиштолот заради вештачење.

 

Од СВР Тетово информираат дека, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути во Полициска станица Гостивар повикан е Е.Ј.(44) од гостиварски Градец. Тој претходно бил пријавен дека вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На посоченото место се пронајдени и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. одземен е, исто така, за вештачење и пиштол што го поседувал со дозвола.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе