Пукал со воздушна пушка и застрелал домашни животни

Вчера околу 13.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Истибања, виничко, Д.Т.(53) од с.Истибања испукал два истрела со дијаболи од воздушна пушка „Норика титан" и застрелал домашни животни, сопственост на С.И.(56) од истото село.

Според пријавата, после тоа Д.Т. му се заканувал на С.И.

Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.С. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син.

Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм.

Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе