Пукал со пиштол на семејна веселба во Кисела Вода, полицијата го бара

Сосед пријавила пукање со пиштол на свадба во скопската населба Кисела Вода, по што полицијата нашла две чаури и го бара сторителот, соопшти МВР. Од МВР додаваат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

На 19.12.2021 во 23,10 ч. во СВР Скопје од страна на сосед било пријавено дека во куќа на ул.Димо Хаџи Димов во Скопје во која се одржувало семејна веселба, машко лице пукало со пиштол во воздух. Полициски службеници излегле на лице место и во дворот на куќата пронајдени се две чаури, кои се подигнати за вештачење, се вели во полициското соопштение.

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе