Пукал на свадбена веселба, повредил жена

Вчера во 17.15 часот во тетовската полиција, од Клиничка болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена М.О. (38) од тетовското село Мала Речица, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје.

По извршениот разговор, велат од МВР, констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во с.Мала Речица, во дворот на куќата на М.Н.(44). Истиот со пиштол марка зиг зауер 229 калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил М.О. во нозете, нанесувајќи и влезно-излезни рани.

Од страна на  СВР Тетово е излезено на местото на настанот. Направени се фотографии, М.О. е лишен од слобода и приведен во полициската станица-Тетово. Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка. По консултација со Јавен обвинител, М.О. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот, на истиот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе