Психички растроен скопјанец со нож ја нападнал својата мајка, па ја запалил

Вчера попладне на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, откако со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје, нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите.

Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. 

Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе