Протерани двајца Кубанци поради илегално преминување границата

На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

Утринава во 02:45 часот кај село Егри, битолско, полициски службеници од полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба. Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17 септември илегално ја преминале границата од Република Србија кон Македонија. На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години.

Од Министерството наведуваат дека двајцата Кубанци ќе бидат предадени во прифатниот центар „Винојуг“ во  Гевгелија за понатамошна постапка.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе