Пронајдено украдено возило во Тетово, крадецот приведен

Taкси-возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите оставени во бравата, му е вратено на сопственикот.

Фото: Пиксабеј

Полициски службеници на СВР Tетово, синоќа во 21:30 часот во Тетово, го привеле 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19:30 часот на улица Гостиварска во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило фолксваген поло класик со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш.

„Taкси-возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица 146 во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка“, соопшти МВР.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе