Пронајдено украдено возило во Бутел

Денеска со брза интервенција на полицијата, во Бутел е пронајдено патничко возило "ауди", сопственост на Р.Ф., кој околу 15.00 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено.

Според пријавеното, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото внимание било искористено и возилото му било одземено.

По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на ул. "Гвадалахара". По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе