Пронајдено украдено возило од Демир Хисар, приведен 30 годишен жител на Ресен

Денеска полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17.30 часот го лишиле од слобода Ш.Р. (30) од Ресен.

Претходно било пријавено дека во 16,55 часот од Ј. Н. од Демир Хисар му било одземено неговото патничко моторно возило "сузуки", кое било паркирано на ул.Партизанска во Демир Хисар.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на место викано Мраморица, а сторителот е приведен. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе