Во водите на Брегалница

Пронајдено телото на 51-годишниот полицаец од Делчево по кого се трагаше

Вчера доцна попладне е пронајдено телото на 51-годишниот Т.С од Делчево, кој во четвртокот, на 10 јуни, заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.

Од полицијата велат дека делчевецот, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, заглавен во неговото возило во водите на река Брегалница.

Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23.00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101”.

На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.

Деталите за несреќата засега не се познати. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе