Пронајдено оружје во гостиварско

Кај 42-годишен жител од гостиварското село Чајле пронајдени се оружје и куршуми. При претресот во неговиот дом пронајдени се пиштол „глок" калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „хајнел" калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.

Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „смит и весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, пет куршуми и батериска лампа со полнач, кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на приведениот Р.М.

Претресот е извршен вчера во 06:45 часот со судска наредба.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе