Во Тетово

Пронајдено изгорено машко тело

Изгорено машко тело е најдено во остатоците од импровизирана барака што изгоре ноќеска во близина на спортската сала на тетовскиот спортски центар, информира денеска СВР Тетово.

Пожарот во тетовската Пожарна е пријавен ноќеска околу 3 часот, а подоцна и полицијата добила повик за настанот.

„Пријавен е пожар во импровизирана барака на улицата „Љубо Божиновски-Пиш" кај спортската сала. Бараката е целосно изгорена, а при тоа е најдено безживотно изгорено машко тело. Увид на местото направиле претставници на Јавното обвинителство, СВР Тетово и Судска Медицина. По наредба на обвнителот телото е предадено за обдукција и идентификација во Институтот за судска медицина во Скопје“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Истрагата продолжува со мерки со кои ќе се откријат причините и околностите за настанување на пожарот, информираат од тетовската полиција.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе