Пронајдени кокаин и марихуана во Битола и ресенско

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција денеска извршиле претрес во домовите на две лица, при што се пронајдени кокаин и марихуана во Битола и село Штрбово, Ресен, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што прецизираат, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, по добиена судска наредба, денеска извршиле претрес во дом во Битола, кој го користи В.Б. (38), при што пронајдени и одземени се околу 70 грама кокаин и 70 грама марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети.

Министерството за внатрешни работи информира дека против В.Б., по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

По добиена судска наредба е извршен претрес на дом кај С.К. во село Штрбово, при што е пронајдена марихуана.

Како што соопшти МВР, претресот е извршен откако претходно С.К. бил приведен во близина на туристичката населба Отешево затоа што кај него била пронајдена дрога. 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе