Пронајдени девизи, мобилни телефони, дрога и оружје во 25 ќелии на затворот „Идризово“

При претрес на 25 ќелии во затворот „Идризово“ полицијата пронајде поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, педесетина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела.

Во информацијата на МВР се вели дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, од Одделот за криминалистичка полиција и од Одделот за специјални полициски операции -Единица за брзо распоредување и од СВР Скопје, во координација со надлежен Jавен обвинител, а во координација со Управата за извршување на санкции, била спроведена полициската акција.

„По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела“, изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе