Пронајдени 32 мигранти на магистралниот пат во близина на Марвинци

 Во близина на село Марвинци вчера полициски службеници пронашле 32 мигранти, кои биле во комбе „пежо боксер", соопшти денеска МВР.

„Вчера во 06:00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер". По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти“, се наведува во соопштението на Министерството.

Известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе