Пронајдени 13 Пакистанци кај Велес

На клучка Велес во правец на Свети Николе, утрово околу 06.30 часот  полициски службеници забележале патничко возило „сеат алтеа" со скопски регистарски ознаки за кое постоеле сознанија дека е претходница во случај на криумчарење на мигранти.

Како што соопштија од МВР, во возилото биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан.

„Откако тргнале по возилото, полициски службеници забележале друго возило „ауди а8" без регистарски ознаки кое поминало покрај нив со голема брзина. По кратко време возилото „ауди" било пронајдено во близина на с.Сарамзалино, општина Лозово и во него биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан“, се појаснува во соопштението.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негова насока дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, а дел во транзитниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе