Пронајдени 10 мигранти во „рено лагуна" на патот Слупчане-Ваксинце

На локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, синоќа околу 23,50 часот полициски службеници од Полициска станица Белановце патничко моторно возило „рено лагуна" со скопски регистарски ознаки, пронашле 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Како што денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна", кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе