Пронајдена стара неексплодирана рачна граната во кумановско
Стара неексплодирана рачна граната била пронајдена во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.
На 01.12.2020 во 13.20 часот било пријавено дека во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, при ископ, била пронајдена стара неексплодирана рачна граната- информираат од МВР.