МВР

Пронајдена мини лабoраторија во скопско Визбегово (ВИДЕО)

Денес околу 15 часот, по претходно добиени оперативни сознанија на Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје, во село Визбегово, Скопје, извршени се претреси во дом и други простории на И. П. (38),при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

„При тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39).

Потоа се извршени претреси во домот на Г.Ј.,при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис. Трите лица се приведени“, информираат од МВР.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе