Пронајдена марихуана кај две лица вработени во УБК

Пред три дена на улицата „Козле" во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П. (28) и Д.Г. (26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „опел корса".

 

При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе