Вчера во 14.20 часот во полициската станица Кочани, било пријавено дека на место викано „Горица" атар на с.Жиганци при изведување градежни работи на пат, била пронајдена граната од првата светска војна.
Гранатата била подигната од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани, информираат од МВР.