Пронајдена граната на гробиштата во скопско

Вработен во погребалниот сервис „Бутел" вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св. Никола во селото Мирковци.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден во 09.40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис Бутел пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во село Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см.

Увидот бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе