Пронајдена е малолетната кичевка пријавена за исчезната

Пронајдена е 15-годишната кичевка по која трагаше полицијата по пријава од нејзината мајка.

Како што известува портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ.

На 13 јануари оваа година, во 15 часот и 15 минути во полициската станица во Кичево, У.С. 44 годишен од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската станица Кичево презела мерки и малолетничката била пронајдена синоќа околу полноќ, изјави Димоски. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе