Пронајдена дрога во Дебар

Полицијата од Дебар, ноќеска  на улицата „8 Септември“ во Дебар го привела Н.И. (37) од Дебар, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени електронска вага и две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.

Од МВР дополнуваат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе