МВР

Пронајдена автоматска пушка во прилепско Лажани

Во рамките на зајакнатите активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со огнено оружје, во координирана акција помеѓу Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, на 15.10.2019 по Наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кои ги користи лицето Е.З.(32) од сeло Лажани.

„Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 mm, една пушка непозната марка калибар 6 mm, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 mm, два ловечки патрони калибар 16 mm и еден куршум за пушка калибар 7,9 mm.

Лицето е лишено од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител“, информираат од МВР

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе