По грабежот во Чаир

Пронајден запален „голф“, се верува дека е од ограбувачите на „НЛБ банка“

По грабежот на експозитурата на „НЛБ банка" кој се случи денеска, во 10.36 часот, во скопската општина Чаир, полицијата пронашла една рамка од пиштол и запален автомобил марка „голф 5", кои е можно да им припаѓаат на разбојниците.

Како што информираат од МВР, вооружени лица утрово извршиле грабеж во „НЛБ банка" на улица „Ферид Бајрам", при што се одземени засега непозната сума на пари.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. (26), вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе