Пронајден половина килограм хероин и кокаин кај 59-годишен тетовец

Денеска околу 15 часот и 15 минути полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М..

При претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица „Железничка“ во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.

Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе