Пронајден починат маж во автомобил кај Радуша

Денеска во 01.40 часот на самата крстосница помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган" со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе