Пронајден избеган затвореник, од 15-те години затвор му останале уште година и пол

Кавадарчанец кому од 15-те години затвор му биле останати нешто повеќе од една година до слобода, бил пронајден во родниот град и вратен во затворот „Идризово“. Тој бил осуден за тешки дела на физичко насилство со кражба и поседување на оружје.

„Вчера во 18.00 часот на улицата.„Блажо Алексов" во Кавадарци, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(39) од Кавадарци. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 131, член 237 и член 396 од Кривичниот законик.

За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово -Скопје каде имал за доиздржување уште една година и пет месеци.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, се вели во соопштението на МВР.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе