Професор со метален предмет повредил ученик во Струга

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга. Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани.

Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани за МИА.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец.

Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо" го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе