Продолжен притворот за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон. Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изајви дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.

Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски рече дека вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се до донесувањето на пресуда од страна на Судот.

Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „насилство", а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.

Видео материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април, кој молскавично се ширеше, а јавноста најостро го осуди настанот.

Со жртвата работат тимови на Центарот за социјални работи и НВО „ЕХО"-Штип.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе