Приведено лицето кое ја ограбило црквата во Говрлево

Полициски службеници приведоа лице осомничено за тешка кражба во црквата „Св. Кузман и Дамјан" во атарот на село Говрлево.

Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека на 20 декември 2020 извршил тешка кражба, односно со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата „Св. Кузман и Дамјан" во атарот на село Говрлево во Општина Сопиште, и одзел пари.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Истиот ден (21.12.2020), врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје му одредил мерка притвор. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе