Приведено лице кое им се заканило на новинари од еден портал

Полицијата привела лице поради закани кон новинари од интернет агенција - портал, соопшти МВР без да наведе за кој портал станува збор.

Во соопштението се вели дека полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода во Скопје синоќа го лишиле од слобода Ш.М.(31) од селото Арачиново, скопско.

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 1 декември по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.

Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе