Приведени тројца битолчани, краделе на отпад

На 28.11.2022 на ул.„Илинденска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.В.(42), Х.М.(23) и Ѓ.М.(34) од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а С.В. бил баран и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба" на подрачјето на Битола. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица билњ задржани во полициска станица.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе