Приведени татко и син, во нивниот дом пронајдени куршуми и рамка за пиштол

А.Џ. (18) и неговиот татко Е.Џ.(57) од гостиварска Долна Бањица се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар, откако при извршениот претрес во нивниот дом, вчера, реализиран со судска наредба, се пронајдени  осум куршуми калибар девет милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол.

„На 6 август во  20:45 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на 18-годишниот А.Џ. во гостиварска Долна Бањица. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се осум куршуми калибар девет милиметри и рамка за пиштол и 10 куршуми од гасен пиштол. А.Џ. и неговиот татко Е.Џ.(57) лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар. Против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок”, информира МВР.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе