Приведени петмина скопјани, кај нив била пронајдена марихуана

Полицијата во одделни случаи привела петмина скопјани кај кои била пронајдена марихуана или „прашкаста материја”, информира МВР. 

Вчера изутрина полицајци од СВР Скопје на улицата „Марко Орешковиќ” го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода. 

Попладнето, пак, на улицата „23-ти Октомври” биле лишени од слобода С.П.(36) и А.Г.(36) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја и биле биле приведени во Полициската станица Аеродром. 

Во полициската станица Чаир приведен бил А.Д.(41) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Синоќа, пред полноќ, полициски службеници од СВР Скопје во близина на стадионот го лишиле од слобода А.Г.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар. 

По документирање на случаите против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе