Приведени пет улични дилери на дрога во Скопје

Скопската полиција вчера и денеска презема акција за откривање и сузбивање на улични дилери со дрога при што лишени до слобода се пет лица.

Како што информираат од МВР, на подрачјето на Аеродром е лишен од слобода Т. Ј. (31) од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во неговиот дом се пронајдени марихуана и две дигитални ваги, на подрачје на Карпош се лишени од слобода Б. Т. (50) и Д. Т. (50) двајцата од Скопје затоа што кај Д. Т. се пронајдени марихуана и прашкаста материја и на подрачје на Карпош се лишени од слобода И. П. (32) и М. Д. (37) двајцата од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во домот на М.Д. е пронајдена марихуана.

Од МВР, посочуваат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе