Приведени пет лица од Куба за илегално преминување на државната граница

Пет лица од Куба вчера пред битолското село Кременица биле приведени поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Грција влегле во државава.

Како што соопшти МВР, вчера во 07:30 часот полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија", пред селото Кременица ги привеле Г.М.А.(44), П.Х.Ј.(26), Х.П.Л.(55), Д.А.Ј.(37) и С.Л.И.(24).

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе