Приведени пет албански државјани кои илегално ја преминале грчко-македонската граница

Полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ вчера привеле пет лица, Т.Л.(46), Ч.Е.(33), П.Е.(36), Ш.Е.(33) и Б.А.(40) сите од Р.Албанија, поради непочитување на чл.9 ст.1 од Закон за гранична контрола, односно за нелегално преминување на границата.

„Пријавените на вчера во раните утрински часови, на место во близина на с.Ума ја преминале државната граница од Грција во Македонија надвор од граничен премин, а на место викано ‘Ѓубриште‘, по претходен договор со лице од Гевгелија, пријавените Т.Л., Ч.Е. и П.Е. се качиле во патничко возило ‘опел вектра‘, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Ф. од Гевгелија, кој за сума од по 100 евра требало да ги однесе до Граничен премин ‘Ќафасан‘, но при контрола од полициски службеници од Полициска станица ‘Богородица‘, на место викано ‘Фарма‘, во близина на Гевгелија, истите биле затекнати во возилото, додека пак, пријавените Ш.Е. и Б.А. се качиле во патничко возило ‘ауди‘, со бугарски национални ознаки, управувано од З.К. од  Гевгелија, кој за сума од по 60 евра требало да ги превезе до Гевгелија“, соопшти МВР. 

Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија поднел барање за поведување на постапка против пријавените, а од судијата во Основен суд во Гевгелија на пријавените им се изречени глоби и санкција „протерување на странец од територијата на Р.С.Македонија“.

 

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе