Приведени осум осуденици во Прилеп

Полицијата денеска приведе осум лица на подрачјето на Прилеп, кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции.

„Од слобода се лишени осум лица за кои Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните казнено поправни установи“, соопштија денеска од МВР.

Oд слобода се лишени М.С. (31), осуден на казна затвор од две години и шест месеци во КПУ Прилеп, Ј.С. (25), осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп, А.А. (37) со седуммесечна казна во КПУ Идризово, С.М. (37) со едногодишна казна во КПУ Идризово, Б.Г. (37) со седуммесечна казна во КПУ Идризово, О.Е. (42), со шестмесечна казна во КПУ Прилеп, Б.Т. (67) со шестмесечна казна во КПУ Прилеп и Ж.В. (43), исто така со шестмесечна казна во КПУ Прилеп.

Денешното приведување, појаснуваат од МВР е реализирано од страна на Криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација и соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полицската станица – Прилеп, а по претходно изготвен план и оперативни активности за нивно лоцирање.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе