Приведени осум дилери, пронајдено кокаин, хашиш, марихуана

Приведени се осум дилери од Кавадарци, пронајдено е кокаин, хашиш, марихуана.

Тони Ангеловски, портпарол во МВР информира дека оваа акција е во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

Ангеловски рече денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, приведоа осуммина дилери и запленија хашиш, хероин, амфетамин.

Околу  13:40 часот бил извршен претрес на домот и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци .

„При претресот  покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при користење амфетамин, а биле пронајдени хашиш, амфетамин, шприц со канабисово масло и една воздушна пушка. Во 13.30 часот во Кавадарци при купопродажба на хероин затекнати и приведени се А.С. и К.Н. кој го купиле во близина на домот на П. М.. Потоа е извршен претрес во дом на П. М. и при претресот пронајден е хероин, пари, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материја. Извршен е претрес кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени хашиш и марихуана. Исто така, извршен е претрес во домот на Б. Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден кокаин“, додава Ангеловски.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе